Со нова финансиска инјекција од државната каса ќе се стимулира формирање акцелератори, а во нив отворање сопствен бизнис на млади претприемачи. Со 3,4 милиони во форма на грантови ќе се поддржува креирање брзорастечки бизнис.
-
Економија 29.05.2018 16:28
-
Економија 29.05.2018 14:47
Повисоките цени на горивата го прават транспортниот бизнис неконкурентен
Транспортниот сектор на удар по поскапувањето на горивата. Камионџиите велат дека стануваат неконкурентни. Бараат да се воведат одредби во Законот за акциза за враќање на дел од средствата и од други европски држави.
-
Економија 29.05.2018 13:03
Менаџери од земјава на обука кај Мајк Зафировски
Македонски извршни директори, дел од престижната Келог- програма за бизнис лидери на Мајк Зафировски. Се запознаа со новините во управувањето, развојот и спроведувањето на корпоративната стратегија. Искуствата од САД ги пренесуваат во земјава.
-
Економија 28.05.2018 14:35
Се бараат измени на законската регулатива за лифтови
Стопанската комора бара измени во законската регулатива за лифтови и одложување на примената на правилникот. Од матичната групација посочуваат дека компаниите не можат да ги исполнат условите за вградување дополнителни уреди што ги наметнува правилникот.
-
Економија 28.05.2018 13:29
Бензините и дизелот поскапуваат за два денари
Ново поскапување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денара, а нешто повисока цена ќе има и мазутот.
-
Економија 28.05.2018 11:11
НБРМ: 1,8 милиони платежни картички во земјава
Централната банка соопшти дека во земјава на крајот на минатата година, циркулирале 1 милион и 800 илјади платежни картички. Бројот на контактно-бесконтактни картички се зголемил речиси двојно и во вкупниот број картички учествува со над 27 насто.
-
Економија 25.05.2018 09:11
Тевдовски и Ангеловска- Бежоска во работна посета на Брисел
Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска – Бежоска престојуваат во работна посета на Брисел.
-
Економија 23.05.2018 15:51
Нова фабрика за производство на фотоволтаични панели
Почна да работи првата фабрика за изработка на фотоволтаични соларни и термални панели. Домашна инвестиција на 1.500 квадрати со годишен капацитет од 20 мегавати производство на монокристални и поликристални соларни модули.
-
Економија 23.05.2018 15:05
„Минстрој“ тврди дека има подобар план за „Фени“
Бугарски „Минстрој“ бара „Фени“ да оди на аукција. Нуди целосен откуп на побарувањата на сите доверители на комбинатот, 30 милиоини евра за инвестиции во ремонт и обнова на двете печки, повторно отвoрање на рудникот „Ржаново“, 300 нови вработувања. За тоа ќе понудат банкарски гаранции.
-
Економија 23.05.2018 14:39
Намалени инвестициите во градежниот сектор
Инвестициите во градежниот сектор се намалуваат, предупреди ресорната комора при ССК. Оттаму посочуваат дека во март годинава се издадени за 45,1 процент помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.










