Паника на Волстрит откако главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија. Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.
-
Економија 06.02.2018 11:29
-
Економија 05.02.2018 15:30
ИТ компаниите со најголем интерес за европските проекти
Над 5.000 мали и средни компании побарале совет и услуги од Европската мрежа на бизнис можности. Но, сѐ уште е мал бројот на фирмите кои пријавиле проекти финансирани со програмите на Европската унија и ги искористиле европските пари.
-
Економија 05.02.2018 14:37
Извозот лани со раст од 18,5 проценти
Вредноста на извезените стоки од Македонија минатата година изнесува 5.671.466 илјади американски долари и бележи раст од 18,5 проценти во однос на претходната година.
-
Економија 05.02.2018 14:22
Дизелот поевтинува за денар, бензинот поскапува за половина денар по литар
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензинот од 95 октани за половина денар. Истовремено поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за денар по литар. Поевтинува и мазутот за 0,8 денари за килограм.
-
Економија 05.02.2018 11:26
Динамизирање на производството во Еврозоната
Динамичните движења на производниот сектор на еврозоната продолжи и на почетокот на 2018-та година, иако со побавно темпо во однос на рекордот од декември, покажуваат резултатите од истражувањето на лондонската компанија „Маркит“.
-
Економија 05.02.2018 10:09
Објавена новата програма за рурален развој
Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и оваа година ќе се ко- финансираат преку програмата за рурален развој.
-
Економија 03.02.2018 11:18
„Фич” го подобри изгледот на Македонија во позитивен
Агенцијата „Фич“ соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ.
-
Економија 02.02.2018 14:43
Поднесување годишна даночна пријава уште годинава
Уште оваа година граѓаните, даночни обрзници, ќе мора да пополнуваат годишни даночни пријави и да ги достават до УЈП, лично или преку пошта во хартиена форма, односно по електронски пат.
-
Економија 02.02.2018 11:02
„Фени“ почнува со работа
Кавадаречки „Фени индустри“ за кого се води стечајна постапка, почнува со работа откако Одборот на доверители донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда со единствениот понудувач, друштвото GSOL, за минимален месечен надомест од 1,2 милиони евра.
-
Економија 01.02.2018 16:07
Спротивставени ставови за рудниците
Жестока дебата и спротивставени мислења за Предлог- законот за минерални суровини. Предлагачот пред бизнисмените, екологистите и стручната фела објасни дека бараат измени на начинот на експлоатоација на рудниците и доделувањето концесии, за да се заштити животната средина.










