Првиот ден на Рамазан Бајрам, петок 17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните со исламска вероисповед им го честитаат Рамазан Бајрам.
Првиот ден на Рамазан Бајрам, петок 17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните со исламска вероисповед им го честитаат Рамазан Бајрам.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Штип-Велес, една жена го загуби животот.
Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила кај селото Сарамзалино, кога автомобилот во кој се превезувала жртвата се превртел.
Најмалку 23 луѓе загинаа во стампедо во фабрика во Бангладеш. Трагедијата се случила додека се делела бесплатна облека.
Околу 1.500 луѓе се обиделе да минат низ тесниот влез на фабриката, каде чекале уште од пред изгрејсонце.
На хрватскиот полуостров Пељешац вчера попладне избувна пожар што зафати 70 хектари борова шума. Во гаснењето на огнената стихија учествувале 80-тина пожарникари коишто успеале да ја локализираат. Го акцијата биле вклучени и два канадера.
Алексис Ципрас се согласил на условите на меѓународните кредитори и на сите мерки на кои до неодамна жестоко се противеше.
Во најновиот светски економски преглед на Меѓународниот Монетарен Фонд се предвидува 3,2% раст за Македонија во 2015-та година.
Финансиската поддршка за подобар живот во рурални средини, за развој на селата, и зачувување на традиционалните вредности е неповратна.
Патниот правец Кичево - Охрид меѓу планинскиот премин Пресека и селото Врбјани денеска ќе биде во прекин од 15 до 20 минути во временскиот период од 14 до 15 часот.
Причината за прекинот е изведување на работи на овој дел од патот, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на овогодишниот, десетти по ред, Croatia Forum 2015, во Дубровник, Република Хрватска.
Возачот што на 7 јули предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска- Павловска бил под дејство на алкохол и дрога, информираат од Јавното обвинителство.