Авион Ербас 330 на компанијата Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата и слетал во поле во близина на Катманду.
Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата.
Авион Ербас 330 на компанијата Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата и слетал во поле во близина на Катманду.
Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата.
Екстремистите од Исламска држава зазедоа две нафтени полиња во Либија, соопшти претставник на една од нафтените компании. Безбедносната состојба во Либија е хаотична по падот на Гадафи во 2011-та.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во обиколка на локацијата, каде што се гради новиот објект на полициската станица Ѓорче Петров.
Објектот ќе има три ката, и корисна површина од над 3 илјади квадратни метри.
Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, расправа за Македонија зад затворена врата. Според најавите, темата е внатрешно- политичката ситуација во државава.
Неофицијално, пратениците ја разгледуваат информацијата на германската влада, за состојбите кај нас.
Доделени решенијата за вработување во јавната администрација на 30 лица, кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа. Програмата се реализира од 2013-та година и замислата е системски да се реши проблемот за вработување на овие лица.
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 2 до 5 март 2015 година, учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој се одржува во Барселона.
На сметките на 15 илјади 663 сточари легнаа 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Поддршката по обележано грло говедо е 2 илјади и 800 денари.
Драмскиот театар во Скопје одбележува 50 години од вселувањето во постојниот објект, кој е донација на британската влада.
По тој повод, вечер ќе биде изведена претставата „Ждрело“, во режија на Зоја Бузалковска. Билетите за претставата се по симболична цена од 50 денари.
УХМР со вонредна временска прогноза. Метеоролозите од утре најавуваат значителна промена на времето, кога нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот и ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
На лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, треба да му се определи мерка притвор, смета Миленко Неделковски. Тој беше еден од говорниците на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија што се одржа во Гостивар.