Пониски цени на 192 државни комерцијални станови. Владата реши во Скопје да ги поевтини од 880 на 850 евра за метар квадратен, во Струмица на 499, а во Охрид за 100 евра.
Вести
-
Македонија 04.03.2015 13:07
-
Македонија 04.03.2015 12:57
Објавен оглас за правни лица за контрола на производството на семенски и саден материјал
Заинтересираните правни лица треба да имаат вработено најмалку едно лице со завршено високо образование од земјоделски науки, со три години работно искуство во областа на селекцијата, семепроизводство и генетиката на земјоделските растенијата.
-
Македонија 04.03.2015 11:30
Бугарин во грчко возило криумчарел мигранти во Македонија
Полициска патрола синоќа на автопатот Неготино - Велес во возило „Сеат толедо“ со грчки регистарски ознаки управувано од бугарски државјанин открило седум илегални мигранти од Сомалија и Сирија. -
Економија 04.03.2015 11:27
Министерството за финансии врати 25 милиони евра во стопанството
Министерството за финансии денес, по основ на доспеани за враќање државни хартии од вредност, врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари. Вчера Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари.
-
Култура 04.03.2015 10:25
По 20 години, вратен мозаикот во епископската базилика во Стоби
Епископската Базилика во археолошкиот локалитет Стоби го добива својот оригинален изглед. Врз метална конструкција на подот е поставен реставрираниот и конзервирам мозаикот, едно од најпознатите историско-уметнички дела.
-
Економија 04.03.2015 10:17
Растат даноците за побогатите американци: САД со буџет од 4 трилиони долари во 2016-та
По закрепнувањето на американската економија минатата година, администрацијата во Белата куќа предложи развоен буџет кој не предвидува мерки на штедење, туку зголемување на даноците за побогатите Американци.
-
Свет 04.03.2015 10:06
Рударска несреќа во близина на Доњецк
Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија во рудникот Засјадко во Доњецк, соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко. -
Македонија 04.03.2015 09:36
Завршен петтиот циклус Домашна визита – посетени над 19.000 лица
Во рамки на петтиот циклус од проектот Домашна визита, што Министерството за здравство го спроведуваше во изминатите речиси четири месеци, посетени се вкупно 19.555 лица низ целата држава.
-
Македонија 04.03.2015 09:11
Твининг проект за институционално зајакнување за членство во ЕУ
Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција е насловен новиот твининг проект финансиран од Европската унија, што ќе почне да се спроведува од денеска во Македонија.
-
Македонија 04.03.2015 09:00
Хуманитарен концерт на „Танец“ и МОБ за поплавените подрачја
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ во соработка со Македонската опера и балет вечер организира хуманитарен концерт за поплавените подрачја во државава.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи во салонот на МОБ, со почеток во 20 часот. Цената на билетите е 200 денари.










