Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и релативно топло време со повисоки температури од денешните. Во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста особено во западните региони каде во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален дожд.
Вести
-
Македонија 03.03.2015 15:24
-
Економија 03.03.2015 15:17
Градежништвото ќе расте и оваа година!
Градежништвото и во 2015- тата ќе продолжи со позитивна стапка на раст. 600 милиони евра ќе бидат вложени за инфраструктура и за капитални проекти. Вицепремеирот Ставрески очекува градежниот бум да донесе и нови работни места.
-
Македонија 03.03.2015 15:02
Побрз и побезбеден транспорт: Почнаа градежните работи на обиколницата кај Смилковци
За 10 километри ќе се скрати патувањето до центарот на градот на осум илјади граѓани од пет населени места. Преку клучката кај Смилковци, побрз ќе биде транспортот и до новите комплекси за спорт и рекреација за кои ќе се бара инвеститор.
-
Свет 03.03.2015 14:58
Во Москва последно испраќање на Борис Немцов
Неколку стотини луѓе изутрината се собраа во Москва, пред центарот Сахаров каде што почна погребната церемонија по повод смртта на опозицискиот лидер Борис Немцов, којшто во петокот беше убиен во близина на Кремљ.
-
Македонија 03.03.2015 14:53
Акција „Чекан“: Уапсени двајца службеници на МВР
Не само што не го спречиле криминалот, туку и на соработниците од подземјето им дошепнувале информации за луѓето што се жалеле од нив.
-
Свет 03.03.2015 14:30
Во САД ограбено злато вредно 4,8 милиони долари
Тројца вооружени мажи се во бегство откако украле злато во износ од 4,8 милиони долари од блиндиран камион, што го превезувал златото по автопат во источниот дел на сојузната држава Северна Каролина.
-
Свет 03.03.2015 14:28
Проработи вулканот Виљарика во Чиле
Рано утрината дошло до ерупција на вулканот Виљарика на југот на Чиле, пренесува Танјуг. Лава и пепел летале кон небото над вулканот, а локалното население е евакуирано.
-
Свет 03.03.2015 14:22
Нетанјаху ќе се обрати во американскиот Конгрес, Обама нема да го прими во Белата куќа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе има обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес на кое ќе се осврне на можниот договор за иранската нуклеарна програма.
Во исто време, Нетанјаху оцени дека односите меѓу неговата земја и САД се посилни од кога и да е претходно.
-
Свет 03.03.2015 14:18
Русија се простува со Борис Немцов
Денеска во Москва беше погребан опозицискиот лидер Борис Немцов кој беше убиен на 27-ми февруари во близина на Кремаљ. Комеморацијата се одржа во центарот за човекови права Сахаров. Рускиот претседател Владимир Путин кој убиството го оцени како „провокација“ не присуствуваше на погребот.
-
Македонија 03.03.2015 14:06
Азербејџан ќе креира работни места по примерот на Македонија
По теркот на Македонија и Азербејџан ќе креира работни места со активни мерки за вработување на младите. Во нивниот фокус- програми за самовработување. Младинските организации од оваа земја собираат искуства во Агенцијата за вработување.










