Безбедносната состојба во Македонија е под контрола, тврдат од полицијата откако со допис до медиум на албански јазик нападот врз владината зграда го презеде таканаречената Национална ослободителна армија.
Вести
-
Македонија 07.11.2014 17:04
-
Македонија 07.11.2014 16:54
Даночниците на терен: Клуч за 29 угостителски објекти!
Десетици кафеани и барови во старата Скопска чаршија и Чаирчанка се затворени поради непочитување на забраната за пушење во јавни објекти, непоседување уредни фискални апарати и серија пропусти при работата.
-
Свет 07.11.2014 16:50
Борисов по втор пат избран за премиер на Бугарија
Коалициската влада се обврза на реформи и предложи листа со дваесет точки, меѓу кои и долго време неопходната реформа на правосудството и преземање итни мерки во економијата, здравството и образованието.
-
Македонија 07.11.2014 16:47
Голем интерес за Фејсбук страницата „Здрава бременост“
Кои прегледи се потребни во текот на бременоста за да се откријат аномалии кај плодот, висок притисок и шеќер во крвта кај идната мајка, како да се открие ризикот од предвремено породување, кои апчиња може, а кои не да се земаат во текот на бременоста...
-
Економија 07.11.2014 16:40
За осум години со воз од Јадранското до Црното море
Во 2022-ра ќе бидат железнички поврзани Јадранското и Црното море. Дотогаш се очекува Македонија и Албанија да ја изградат последната делница од Коридорот 8 од Кичево до Лин во Албанија. Македонија ќе гради 63 километри пруга, а Албанија 2,8 но и модернизација на делницата кон Драч.
-
Економија 07.11.2014 16:35
Со новиот закон за нерегистрирани дејности ќе се сузбива сивата економија
Физичките лица нема да можат да градат згради, да даваат маркетинг услуги, да поседуваат ресторани, кафулиња, сендвичарници, да увезуваат и продаваат возила ако немаат решение за вршење на дејноста.
-
Македонија 07.11.2014 16:27
Протести против загадувањето на Тетово
Црни балони на небото над Тетово. Симболика за загадувањето на воздухот што станува се поголемо.
-
Македонија 07.11.2014 16:21
„Кембриџ“ и во четврто, петто и шесто одделение
Основците од четврто до шесто одделение ќе учат од програмите од кои се образуваат учениците во Велика Британија. Догодина природни науки и математика ќе учат според Кембриџ.
-
Македонија 07.11.2014 16:20
Тутунарите ги бараат недоисплатените субвенции
Тутунарите кои се уште не ги добиле субвенциите за ланската реколта тутун, побаараа државата најбрзо да им ги доисплати. Тие се собраа за одговор од Сојузот на тутунските здружснија што се случува со субвенциите.
-
Македонија 07.11.2014 16:19
Реновиран и кадровски засилен Здравствениот дом во Прилеп
Нова инвестиција од 3 милиони денари во Здравствениот дом во Прилеп. Се постави нова внатрешна дограма, и комплетно се уредува со најсовремна опрема детското одделение.










