Едно лице е повредено откако израелските безбедносни сили со солзавец и гумени куршуми им се спротивставија на демонстрантите кои протестираа на одбележувањето на 100-годишнината на Балфуровата декларација во Витлеем на Западниот Брег.
Вести
-
Свет 02.11.2017 12:08
-
Економија 02.11.2017 12:06
Од 1-ви јануари се зголемува акцизата на нафтата за три денари
Со зголемување на акцизата и ДДВ-то, цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари- соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018-та година.
-
Македонија 02.11.2017 11:47
Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница во Струмица на 23-ти ноември
Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23-ти ноември во Струмица, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
-
Свет 02.11.2017 11:44
Колорадо: Жртви во напад во трговски центар
Три лица загинаа во пукотниците во трговски центар во градот Тортон, Колорадо. Полицијата не успеала да стигне навреме да го спречи нападот и да го пронајде извршителот. Непознати се и мотивите за вооружениот инцидент. Додека се прегледуваат снимките од безбедносните камери, нема осомничени.
-
Економија 02.11.2017 11:42
Медиумите и технологијата во фокус на вториот ден од Самитот „Македонија 2025“
Можностите и предизвиците на медиумската и телекомуникациската индустрија, развојот и улогата на социјалните мрежи и платформи, обновливите извори на енергија и технологиите на иднината се дел од темите за кои ќе се дебатира на вториот ден од шестиот самит „Македонија 2025“.
-
Свет 02.11.2017 11:13
ЦИА објави документи за Бин Ладен
ЦИА објави стотици илјади документи конфискувани за време на убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Материјалот содржи дневник, документи на аудио и видео записи, како и снимки од семејни свечености.
-
Македонија 02.11.2017 10:24
ДИК ќе одлучува по приговорите од вториот круг од локалните избори
Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори.
-
Економија 02.11.2017 10:20
Јавна дебата за предлог- буџетот за 2018-та
Министерството за финансии денеска организира јавна дебата за предлог- буџетот за 2018-та година на која ќе присуствуваат претставници од бизнис заедниците, синдикатите и невладиниот сектор.
-
Македонија 02.11.2017 10:17
Заев учествува на меѓународна економска конференција во Црна Гора
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска и утре, учествува на меѓународната економска конференција што се одржува во Будва, Република Црна Гора Насловена „Економска конференција на Црна Гора 2017 - предизвици на патот кон Европската унија“.
-
Свет 02.11.2017 10:12
Трамп побара смртна казна за напаѓачот од Менхетн
Претседателот на САД Доналд Трамп бара смртна пресуда за извршителот на смртоносниот напад во Менхетн. На Твитер напиша Трамп: „Терористот од Њујорк ентузијастички побара да го развее знамето на групата „Исламска држава“ во неговата болничка соба. Тој уби осум лица и тешко повреди 12.










