Најмалку осум луѓе загинале, а 11 биле повредени на Менхетн во Њујорк, кога камионет движејќи се по велосипедска патека прегазил неколку велосипедисти и пешаци, пред да удри во училишен автобус.
Вести
-
Свет 01.11.2017 12:47
-
Македонија 01.11.2017 12:39
Формирана експертска група за реформи по аферата со прислушувањето
Владата формираше работна група за изготвување и следење на имплементација на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015- та година. За претседател е именуван Сиљан Аврамовски од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 01.11.2017 12:00
Алијансата за Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа 103 приговори до ДИК
Алијансата за Албанците, БЕСА и Народното движење за Македонија поднесоа вкупно 103 приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори.
-
Македонија 01.11.2017 11:55
Утре пренасочување на сообраќајот кај Кривичниот суд поради „Дива населба“
Поради одржување на судското рочиште за „Дива населба“ утре сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен, соопшти МВР.
-
Македонија 01.11.2017 11:41
Обвинителството истражува незаконска приватизација на земјиште
Поради основано сомнение за незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина, Основното јавно обвинителство презема дејствија против повеќе инволвирани лица.
-
Македонија 01.11.2017 11:37
Претседателот Иванов на средби во британскиот Парламент
Претседателот Ѓорге Иванов во Лондон ќе има одвоени средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лорд Фаулер, а ќе има обраќање и во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста- научени лекции“.
-
Свет 01.11.2017 11:14
Вашингтон: Сослушување на три ИТ гиганти
Пред Комисијата за правда на Сенатот на САД вчера почна првото од трите планирани сослушувања на претставници на компаниите „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“, во рамки на истрагата во врска со сомнежите за руско мешање во американските претседателски избори.
-
Македонија 01.11.2017 10:50
ВМРО-ДПМНЕ: Расипничката и недомаќинска влада на Заев ја задолжи државата со нови 71 милион евра
СДС со ништо не може да ги прикрие расипничкото трошење, неспособноста и безидејноста во водењето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 01.11.2017 10:47
Апелација решава дали снимките од прислушуваните разговори се доказ за „Тендери“
Апелацискиот суд расправа дали снимките од прислушуваните разговори ќе можат да се користат како доказ во случајот „Тендери“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 01.11.2017 10:44
Поднесени стотина приговори за вториот круг од локалните избори
До Државната изборна комисија, коалицијата БЕСА и Алијанса за Албанците поднесоа 86 приговори за изборниот процес во општина Чаир. Големиот број приговори за Чаир, како што рече Емат Мехмети од БЕСА, покажува за каков нефер изборен процес станува збор.










