Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови е можна појава на слаб локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер.
Попладне се очекува намалување на облачноста и на брзината на ветерот. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.










