„Унитети“ со иницијатива до Уставниот суд за оспорување на одлуката за распуштање на Собранието. Доскорешниот пратеник Зулфи Адили вели дека законот се кршел и со тоа што има поголем број гласачи од дозволеното во шестата изборна единица.
Вести
-
Македонија 25.10.2016 12:47
-
Култура 25.10.2016 12:15
Врвната пијанистка Тамара Стефановиќ- солист со Македонската филхармонија
На симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 27-ми октомври во Домот на АРМ во 20 часот, насловен „Рапсодија“, ќе настапи врвната пијанистка од Србија со завидна светска кариера, Тамара Стефановиќ.
-
Свет 25.10.2016 11:48
Старџен: Плановите за референдум за независност на Шкотска се сериозни
Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека планот за втор референдум за независност е сериозен. Тема на средбата со британската премиерка Тереза Меј биле подготовките на преговорите за напуштање на ЕУ.
-
Македонија 25.10.2016 11:11
Земјотрес утрово во Карбинци
Изутрината околу 8 часот и 11 минути е регистриран земјотрес со епицентар 59 километри источно од Скопје, западно од Карбинци, на длабочина од околу 8 километри.
Според Рихтеровата скала, потресот бил со магнитуда од 2,7 степени.
-
Економија 25.10.2016 10:35
Технологии и бизнис модели за економски развој
Македонија иако е мала земја може успешно да се носи со конкуренцијата во европски па и светски рамки вели шефот на канцеларијата за Македонија и Црна гора на Меѓународната финансиска корпорација, Мартиновски.
-
Македонија 25.10.2016 10:08
СЈО ќе го чека експертот од „Ериксон“
Податоците што досега ги обезбедиле обвинителите и истражителите, веќе се анализираат, велат од Специјалното јавно обвинителство. За заклучоците од предистражната постапка, велат од ова обвинителство, ќе ја информираат јавноста кога целосно ќе се истражи случајот.
-
Македонија 25.10.2016 10:03
„За подобра Македонија“: Со изборите е вратена смислата за демократијата
Генерален заклучок од средбата е дека со распишувањето на изборите вратена е смислата на демократијата во земјава. Коалиционите партнери сметаат дека кризата во Македонија може да се реши на мирен и демократски начин, а тоа единствено може да се случи само преку избори.
-
Свет 25.10.2016 10:01
Вучиќ: Криминални групи во Србија подготвувале илегални активности во Црна Гора
По повеќедневна акција надлежните служби дошле до непобитни докази за криминални групи кои од Србија подготвувале илегални активности во Црна Гора, меѓу кои е секојдневното следење на движењето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
-
Свет 25.10.2016 09:53
Изборите во САД ги поделија европските држави
Полска, Унгарија, Италија и Британија го поддржуваат изборот на Доналд Трамп за американски претседател, додека Фрација, Германија и Шведска се за Хилари Клинтон.
-
Свет 25.10.2016 09:49
Масовна евакуација на мигрантите од францускиот камп „Кале“
Продолжува евакуацијата на мигрантите од кампот „Џунгла“ во францускиот град Кале. Во првиот ден од операцијата за уривање на озлогласениот камп беа евакуирани 2.318 мигранти.










