11 лица загинаа, а над 50 се повредени при пожар во хотел во пакистанскиот град Карачи. Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.
-
Свет 05.12.2016 12:25
-
Свет 05.12.2016 11:34
Снег на Хаваи
Жителите на тропскиот остров Хаваи се соочија со невообичаено студено време и снег. Поради снежната покривка се блокирани неколку сообраќајни правци околу скијачките центри на планините.
Според метеоролозите, ниските температури ќе продолжат и во наредните денови.
-
Свет 05.12.2016 10:47
Финска: Градоначалничка и две новинарки убиени во ресторан
Градоначалничка во Финска и две новинарки се убиени во ресторан во Иматра. Од засега непознати причини, 23-годишен маж со сачмарка пукал неколку пати во главата и телото на жртвите. Според полицијата, се работи за случаен избор на жртвите.
-
Свет 05.12.2016 10:20
Австрија: Победата на Ван дер Белен добра за европското единство
Австриската Партија на слободните и нејзиниот кандидат на претседателските избори Норберт Хофер го признаа поразот од победникот Александер Ван дер Белен. Изборот е поздравен и од умерените политичари во Европа кои сметаат дека се поразени и популистичките сили кои сакаат да ја ослабнат Европскат
-
Свет 05.12.2016 08:32
Матео Ренци ќе поднесе оставка по убедливиот пораз на референдумот
Италијанскиот премиер Матео Ренци нјави дека денеска ќе поднесе оставка, по убедливиот пораз на референдумот за спроведување уставни реформи во Италија.
-
Свет 02.12.2016 14:51
Европол ја растури најголемата мрежа за хакирање банкарски системи
По четиригодишна истрага, Европол ја растури најголемата хакерска мрежа за напади врз банкарски системи на интернет позната како „Лавина“.
Над милион мејлови со вирус биле праќани неделно кон стотици илјади компјутери во 180 држави. Уапсени се пет лица.
-
Свет 02.12.2016 13:42
Додик: Уставниот суд задава директен удар врз демократијата
За претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поништувањето на резултатите од септемврискиот референдум се директен удар врз демократијата.
-
Свет 02.12.2016 13:01
Над тон кокаин запленет во Франција
Француската полиција заплени над тон кокаин пренесен од Колумбија, во вредност од 100 милиони евра.
Уапсени се десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и Холандија поради сомнение дека се вмешани во транспортот на дрогата.
-
Свет 02.12.2016 11:52
Бан Ки Мун се извини за епидемијата на колера на Хаити
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се извини за улогата на организацијата во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година.
Епидемијата била предизвикана од непалски „сини шлемови“ кои фрлале отпад во река.
-
Свет 02.12.2016 11:36
Одземена лиценцата на авиокомпанијата чијшто авион се урна во Колумбија
Боливиските воздухопловни власти ја укинаа на неодредено време лиценцата на авиокомпанијата „Ламија“, сопственик на авионот што се урна во Колумбија.










