• Свет 06.12.2016 14:19

    Сочи: Апокалиптични слики од олимпиското село

    50%  од рускиот град  Сочи е под вода. Брановите на Црно Море го претворија олимпиското село во голема бара.

    Многу патишта се блокирани од искорнати дрвја. Прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а оштетени се и гасоводни цевки.

  • Свет 06.12.2016 13:18

    Акција на Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб против терористичките пропаганди

    Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб почнуваат заедничка акција против терористичките пропаганди на интернет.

    Новата програма се состои од база на податоци за единствени дигитални отпечатоци на прсти со кои ќе се идентификуваат и отстранат содржини спротивни на прописите на компаниите.

  • Свет 06.12.2016 12:11

    Сѐ повеќе британски адвокати се регистрираат во Ирска

    Рекорден број британски адвокати се регистрираат во Ирска по референдумот за излез од ЕУ.  Целта е да се осигура нивниот  статус кога ќе работат во европски институции.

  • Свет 06.12.2016 11:54

    14 криминалци убиени во престрелка со полицијата на Мексико

    Четиринаесет криминалци загинаа во престрелка со полицијата во Веракруз. Судирот почнал откако вооружените мажи нападнале полициски патролен автомобил во градот Хесус Каранса.

    Бројот на жртвите постојано се зголемува во војната меѓу мексиканските власти и наркокартелите.

  • Свет 06.12.2016 11:12

    Над половина милион луѓе си заминаа од југоисточна Турција поради војната против терористите

    Турските власти протераа половина милион луѓе од југоистокот поради мерките од т.н. „колективно казнување“.

    Властите почнаа офанзива против терористите на Исламска држава и Курдската работничка партија. Голем дел до населението во завојуваните области е без вода и храна.

  • Свет 06.12.2016 10:41

    Уште едно вето од Кина и Русија за примирјето во Алепо

    Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за седумдневното примирје во Алепо.

    Според Москва, документот ќе им даде време на бунтовниците да се прегрупираат.

    Нацртот за Сирија го изготвија Нов Зеланд, Египет и Шпанија.

     

  • Свет 05.12.2016 14:45

    Руски ловец се урна во Медитеранот

    Руски ловец „Су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач „Адмирал Кузњецов“, соопшти руското Министерство за одбрана.

    Пилотот успешно се катапултирал. Причина за уривањето е кинење на сајла за сопирање на авионот.

  • Свет 05.12.2016 12:49

    Австрија го избра Ван Дер Белен, Хофер призна пораз

    Австрија доби нов претседател. Александер Ван Дер Белен, кандидатот кој го поддржуваат Зелените освои 51,69 насто од гласовите, додека неговиот противкандидат, од десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, освои 46,4 насто.

  • Свет 05.12.2016 12:25

    Пакистан: 11 лица загинаа во пожар во хотел во Карачи

    11 лица загинаа, а над 50 се повредени при пожар во хотел во пакистанскиот град Карачи. Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.

  • Свет 05.12.2016 11:34

    Снег на Хаваи

    Жителите на тропскиот остров Хаваи се соочија со невообичаено студено време и снег. Поради снежната покривка се блокирани неколку сообраќајни правци околу скијачките центри на планините.

    Според метеоролозите, ниските температури ќе продолжат и во наредните денови.

Pages