Во Њујорк е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето и обилните врнежи.
Затворено е метрото и еден терминал на аеродромот Лагвардија, а поголем број од патиштата се под вода.
Во Њујорк е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето и обилните врнежи.
Затворено е метрото и еден терминал на аеродромот Лагвардија, а поголем број од патиштата се под вода.
Парламентарни избори во Словачка-клучен тест, што може да ја стави земјата на нов курс далеку од Киев и кон Москва, заканувајќи се да го наруши кревкото единство во Европската унија и НАТО.
Медитеранските земји од ЕУ на самитот во Малта повикаа на обединет одговор на миграциската криза. Домаќинот на самитот, малтешкиот премиер Роберт Абела, оцени дека прашањето за мигрантите мора да се реши во корен, со цврсти и глобални партнерства со сите партнери во јужниот дел на Медитеранот.
Силите на Киев тврдат дека руската армија извршила напади на западот од Украина. Противвоздушната одбрана на Русија, пак тврди дека соборила 9 украински ракети над Белгород. Борби се водат на повеќе фронтови.
Британското министерство за одбрана ја префрли командата на армискиот баталјон на НАТО за да може да обезбеди поддршка на Косово доколку е потребно.
Преку писмо прочитано од неговиот адвокат, поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ, ја презеде одговорноста за настаните во селото Бањска на северот на Косово.
Стивнува невремето во централна Грција, оставајќи зад себе големи поплави и штети на инфраструктурата низ земјоделскиот регион што беше погоден од две силни бури за помалку од еден месец.
Централно-медитеранската рута најопасна за мигрантите. Од почетокот на годинава, над 2.500 луѓе загинале или исчезнале во водите на Средоземјето, обидувајќи се да стигнат до Европа. Последниот бран бегалци на островот Лампедуза го вклучи алармот.
Претреси на неколку локации во Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток. Директорот на Клиничкиот центар во Косовска Митровица, за РТС вели дека антитерористичките и специјалните единици, со присуство на полицаец ЕУЛЕКС, упаднале во таа здравствена установа во раните утрински часови.
Над 50 загинати и уште толку повредени во самоубиствен бомбашки напад на верски собир во западен Пакистан. Засега никој не презеде одговорност за нападот.